AML & KYC Платформа

Автоматизирана AML/KYC усогласеност за финансиски институции

Автоматизирајте санкциски и ПЕП проверки, проценка на ризик и континуиран мониторинг на клиенти. Сè во една платформа со целосна ревизорска трага.

Преглед на контролната табла на Metricity

Создадено за финансиски институции

Една платформа за анализа на клиенти, проценка на ризик и континуирано следење

Санкциски и регулаторни проверки

Автоматски проверки во листите OFAC, ЕУ, ОН, UK и FinCEN, како и проверка на земји од FATF и EU Grey List.

Домашни и меѓународни ПЕП проверки

Сопствена база на НЈФ и поврзани лица, ажурирана секојдневно. Дополнителни меѓународни ПЕП проверки по конкурентна цена.

Проверки на негативни вести

Дополнителни проверки на негативни вести и медиумски објави за откривање потенцијални ризици поврзани со клиенти.

Проценка на ризик

Автоматизирана проценка на ризикот на клиентите преку прилагодливи индикатори, правила и тежински фактори.

Континуирано следење

Автоматски проверки на клиентите според избран распоред или по ажурирање на базите, со известувања и извештаи за резултатите.

Извештаи и ревизорска трага

Детални извештаи за анализа и проценка на ризик на клиентите, со известувања, евиденција на проверки и отворени задачи.

Како функционира

Од анализа на клиентот до континуирано следење и извештаи

01

Внес и увоз на податоци

Рачен внес на клиенти, масовен увоз преку Excel/CSV датотеки или автоматизирана размена на податоци преку API интеграција.

02

Автоматизирани проверки

Проверки на физички и правни лица и нивните вистински сопственици (UBO) во санкциски, ПЕП и други релевантни листи, со анализа на географскиот ризик.

03

Анализа и проценка на ризик

Автоматска проценка на ризикот врз основа на податоците за клиентот, резултатите од проверките и прилагодливи индикатори, со препораки за дополнителна документација.

04

Континуирано следење и ажурирање на ризикот

Вклучување на клиентите во периодични проверки или проверки по ажурирање на базите, со автоматска повторна проценка на ризикот при промени.

05

Извештаи и ревизорска трага

Детални PDF извештаи за анализа и проценка на ризик, со целосна историја на проверки и пресметки, подготвени за контрола и ревизија.

Зошто финансиските институции го избираат Metricity

Помалку рачна работа. Повеќе контрола. Целосна ревизорска трага.

Централизирана анализа на клиенти и проценка на ризик

Автоматизирани санкциски и ПЕП проверки

Сопствена НЈФ база со секојдневно ажурирање

Прилагодливи ризични индикатори и правила

Автоматски мониторинг и повторна проценка на ризик

Проверки на правни лица и вистински сопственици (UBO)

Целосна историја на проверки и проценки на ризик

API интеграција и детални PDF извештаи

{
  "screening": "completed",
  "riskScore": 42,
  "alerts": ["pep", "media"],
  "auditTrail": true
}

Искуство и доверба

Докажано искуство во AML/KYC усогласеност

9+години искуство во AML/KYC усогласеност
12активни клиенти
20+финансиски институции низ годините
20+милиони автоматизирани проверки месечно
9глобални извори на податоци

Metricity е платформа за банки, инвестициски фондови, брокерски друштва, лица кои даваат услуги на инвестициски советник, осигурителни компании, адвокатски друштва, агенции за недвижности и други обврзници за СПП/ФТ.

Препораки

Што велат нашите клиенти

„Metricity е корисна софтверска алатка која ја олеснува проценката на ризикот од перење пари за секој поединечен клиент преку проверки на санкциони листи и проверка дали клиентот е носител на јавна функција.“

logo-kb-publikumКБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД Скопје

„Многу корисна платформа. Значително ја олеснува организацијата на процесот на проверка на клиенти и проценка на ризик, а самата проверка ја автоматизира и ги елиминира човечките грешки.“

tanjaТатјана Вељковиќ, СЕАФ Македонија

Започнете со Metricity

Поедноставете ја анализата на клиенти и управувањето со AML ризикот

Закажете демо-презентација и откријте како Metricity ги автоматизира проверките на клиенти, проценката на ризик и континуираното следење.

Контактирајте нѐ